Семинар „Будење на свеста“

Бескрајна благодарност до сите учесници на првиот организиран семинар под наслов „Будење на свеста“, кој се одржа на 18 мај 2019 година. Искрено се надевам благодарение на заедничкиот труд кој го вложивме на овој семинар ќе станеме присуство на љубовта во овој свет ❤️❤️❤️

Креативна визуелизација

Големиот Алберт Ајнштајн рекол: “Имагинацијата е најважна, таа претставува увид во идните убавини на животот.” Визуелизацијата не е нешто ново, вие секојдневно веќе ја користите, било да сте свесни за тоа или не. Но, сега користете ја свесно и создадете реалност каква што вие посакувате.

Дали партнерската врска исцелува?

Единствената вистина за која мора да станеме свесни и за која јас станав свесна и ја прифатив, е дека врските не се наоѓаат надвор од мене, тие се внатре во мене. Мојата вистинска емотивна врска е мојата врска со себе, сите останати се само нејзино огледало. Учејќи себеси да се сакам, автоматски примам љубов и […]

Моќта на благодарноста

Благодарноста е една од најмоќните емоционални состојби на човекот. Таа е состојба на изобилие. Колку повеќе сте благодарни за тоа што го имате и тоа што го добивате, без голем напор ќе привлечете повеќе работи во вашиот живот.

Почитувај се и слави го сопствениот успех

Почитувањето исто како и благодарноста се едни од најголемите емоционални состојби на човекот. Тие се состојби на изобилие. Почитувајте се себеси, сакајте се себеси, кажете си `Браво јас` не само за големите достигнувања туку и за сите мали секојдневни достигнувања и славете го сопствениот успех. Вие сте лидери на својот живот!

Дали сме и ние дел од еволуција на колективната свест?

Вистинскиот извор на страдањето во светот е болката, стравот и незнаењето. А ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Се додека ја проектираме нашата моќ надвор од нас и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински не исцелува, тогаш и го […]

Личната одговорност е главниот став за лична еманципација…

Преземете го животот во свои раце, и што ќе се случи? Страшна работа: Нема кого да обвинувате. -Erica Jung Во едно истражување биле испитувани и следени 2000 претприемачи со едноставна задача, кои се 3 клучни разлики кои ги одвојуваат луѓето со високи постигнувања од сите останати. Ова се резултатите: Имаат јасна слика за тоа што […]