Биди најдобра верзија од себе

Живееме во матрица на секојдневни рутини, општествени пишани и непишани закони, во стравови, со навики кои не ни дозволуваат да растеме и да се развиваме, без инспирација.

Дали знаете дека вие ја имате моќта да креирате се што ќе посакате ?!?

Мислата која ја мислите денес ја креира иднината која ќе ја имате утре…
– Доколку сакате да знаете што сте мислеле пред една година, погледнете што се случува во вашиот живот сега…

Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените!

Пронајдете ја хармонијата која доаѓа со себе-прифаќање и во процесот откријте ја вашата животна цел и неограничените можности кои ве чекаат. Клучот да го промените светот, да го промените вашиот живот и да ги облагородите тие околу вас е автентичноста, подготвеноста да бидете свои, да бидете најдобра верзија од себе и да живеете живот во согласност со сопствените вредности, без ограничувања надвор од комфорт зоната во која се наоѓате.

Сите ние знаеме што правиме, неколкумина знаат и како тоа да го прават, но малкумина знаат зошто ги прават работите кои ги прават. Личниот развој е нов универзален поредок на денешницата која ни овозможува да ја освестиме личната природа и нашите огромни потенцијали кои ги носиме во себе.

Која е позадината на програмата?

Програмата е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield.

Jack Canfield е познат како Американски број 1 најдобар Коуч за успех, според Time Magazine неколку пати прогласуван за најпродаван автор и “феномен на деценијата по објавување на книги”, основач и претседател на The Canfield Trainig Group во Санта Барбара, Калифорнија.

Џек Кенфилд е водечки експерт во креирање на врвни перформанси за претприемачи, корпоративни лидери, професионалци во продажба, вработени во корпорации и едукатори. Неговата работа, пораката која што ја пренесува, енергијата и личниот коучинг стил, придонеле во последните 30 години да помогнат на стотици илјади индивидуалци да ги остварат своите соништа.

Неговата докажана формула за успех достигна глобални признанија со неговиот последен национален бестселер “Принципи за успех: Како да стигнеш од таму каде што си, до таму каде што сакаш да бидеш” (во оригинал – The Success Principles: How to Get From Where You Are to Where You Want to Be) http://www.thesuccessprinciples.com/.  Овој нов стандард на личен развој содржи 64 моќни принципи за успех користени од страна на врвни достигнувачи во сите области на комерција. За повеќе информации за Џек Кенфилд http://jackcanfield.com/about-jack-canfield/

Постојаното учење и работата на себе е најдобриот начин да останеме вечно млади и да имаме здрав и креативен дух! Нека животот од вашите соништа стане реалност…

Програмата е базирана на Холистички модел на раст и развој:

  • Ум
  • Имагинација
  • Емоција
  • Тело
  • Интуиција
  • Волја
  • Свесност
  • Спиритуална димензија

Програмата се состои од следните модули:

МОДУЛ 1

ПРВ МОДУЛ

Јас верувам дека секој од нас може да постигне неверојатни успеси во животот.

МОДУЛ 2

ВТОР МОДУЛ

Време е да излезете од секојдневните рутини и да станете вистински достигнувач.

МОДУЛ 3

ТРЕТ МОДУЛ

Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека можете да ја промените.

Контактирајте не

За повеќе информации пополнете ја формата подолу или јавете се на +389 70 23 54 27 и со задоволство ќе ви одговориме.