“Доколку водиш бизнис на почеток на твојата листа стави ги твоите вработени, потоа твоите клиенти и на крај акционерите”. 

Richard Branson британски бизнис магнат, инвеститор и филантроп. Познат како основач на Virgin Group, која во себе содржи повеќе од 400 компании.

Kој е главниот индикатор за иден развој и профитабилност?

Кога ќе се запрашаме кој е главниот индикатор за иден развој и профитабилност на било која компанија, слободно можеме да потврдиме дека тоа е здрава внатрешна култура. Но, како да започнете да ја подобрувате културата во вашето работно опкружување?

Моќта на успехот во вашата компанија ги нуди потребните алатки за да ја подобрите културата во вашата компанија. Со оваа програма вие ќе бидете сведоци на поголема продуктивност, врвни перформанси и еден нов став на “Јас можам” во секоја област на вашиот бизнис.

Преку програмата вашиот тим:

  • Ќе биде поттикнат да функционираат ефективно меѓу себе;
  • Ќе научат како да го зголемат нивото на свесност и начинот на превземање на акции;
  • Да одговараат продуктивно на секојдневните активности;
  • Ќе бидат инспирирани и мотивирани да постигнат поголеми успеси и резултати во вашата комапнија;
  • Oдржуваат фокусот во вистинска насока;
  • Ќе овозможат поттикнување на креативноста;
  • Ќе пронајдат нови начини на комуникација;
  • Со помош на одлични алатки да се здобијат со елитен mindset и став на лидер;
  • Да воспостават подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот;
  • Да живеат со повеќе радост, страст и ентузијазам.

Програмата е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield.

Jack Canfield е познат како Американски број 1 најдобар Коуч за успех, според Time Magazine неколку пати прогласуван за најпродаван автор и “феномен на деценијата по објавување на книги”, основач и претседател на The Canfield Trainig Group во Санта Барбара, Калифорнија.

Џек Кенфилд е водечки експерт во креирање на врвни перформанси за претприемачи, корпоративни лидери, професионалци во продажба, вработени во корпорации и едукатори. Неговата работа, пораката која што ја пренесува, енергијата и личниот коучинг стил, придонеле во последните 30 години да помогнат на стотици илјади индивидуалци да ги остварат своите соништа.

Неговата докажана формула за успех достигна глобални признанија со неговиот последен национален бестселер “Принципи за успех: Како да стигнеш од таму каде што си, до таму каде што сакаш да бидеш” (во оригинал – The Success Principles: How to Get From Where You Are to Where You Want to Be) http://www.thesuccessprinciples.com/.  Овој нов стандард на личен развој содржи 64 моќни принципи за успех користени од страна на врвни достигнувачи во сите области на комерција. За повеќе информации за Џек Кенфилд http://jackcanfield.com/about-jack-canfield/

Ова се само некои од компаниите кои ја имаат адаптирано програмата на Jack Canfield : Virgin Records, Sony Pictures, Merril Linch, Monsanto, Hartford Insurance, Glaxo Smith-Kline, Scott Paper, Coldwell Banker, Federal Express, TRW, Ameritech, Young President`s Association, General Electric, U.S.Department of the Navy, Siemens, Children`s Miracle Network и многу други.

Контактирајте не

За повеќе информации користете ја формата за контакт подолу, пратете порака на мејл адресата info@katerinaangelovska.mk или јавете се на +389 70 23 54 27.