Будење на Свеста

400 ден

  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 200
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
+

Вистинскиот извор на страдањето во светот е стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Се додека ја проектираме моќта надвор од нас, и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински не исцелува, тогаш и го подржуваме сето страдање кое му се случува на светот. Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна трансформација, да се ослободиме од товарот кој го носиме во себе, да станеме свесни за нашите програми и да работиме на нивно освестување, да отпуштиме и да ослободиме простор во нашето срце за љубов која целосно ќе не исцели.

Не секогаш ќе биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе биде почист и посјаен, и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. Како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво. Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста.

Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да ко-реира реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладее хармонија и љубов на оваа планета. Книгата Будење на свеста е водич за лична и колективна трансформација.

Мислења

Нема сеуште мислења.

Остави твое мислење за “Будење на Свеста”