Што е Реики?

Реики е најдревниот систем за исцелување со енергија што е основа за сите останати системи за исцелување. Реики е метода на правилна употреба на универзалната животна енергија, но истовремено Реики е и самата оваа енергија, што е дел од сите нешта и сите нешта се дел од неа. Реики е фундаментален дел од нашето постоење, без притоа и воопшто да сме свесни за тоа. Знаењето за Реики, во исконската формa со векови било загубено, се до 1922 година кога Реики методата е возобновена од jапонецoт Микао Усуи (1865 – 1926).

Реики во превод од јапонскиот јазик значи:

Реи – Универзална, божествена, животна

Ки – Енергија

Човечкото тело е енергетски систем. Низ него тече интензивна животна енергија, која во источните култури се нарекува прана или чи. Доколку сакаме нашиот животен енергетски систем да ни служи и да функционира беспрекорно, потребно е да дозволиме таа животна енергија со леснотија да тече низ нашето тело. Основниот принцип на холиститчкото здравје е дека не можеме да ја одделиме физичката состојба од емоционалната, менталната и духовната состојба. Тие се дел од едно цело. Нивната хармонија и баланс претставува целосна рамнотежа на нашето битие.

Како може Реики да ви помогне?

Реики е многу стара техника за исцелување која се базира на користење на Универзалната енергија, и е наменета за подобрување на капацитетот на виталната енергија на човекот, за подобрување на имунитетот, и за подобрување на квалитетот на животот. Научните истражувања покажале дека една личност во просек прима од 5% до 10% животна енергија од просторот, додека со користење на Реики методата се овозможува прилив на енергија во телото од 90% до 100% животна енергија. Реики врши влијание на човечкиот организам непосредно преку енергетскиот канал и биополето, и исто така преку ендокриниот систем. Кога биополето на организамот е полно со животна енергија тоа постанува подобро организирано. Енергијата создава организиран ДНК и РНК кои под влијание на Реики, создаваат подлога за подобро функционирање на протеинските ензими и синтези, како и поделбата на ќелиите. Кога ќелиите добро функционираат, тогаш жлездите, органите и ткивата добро функционираат, со тоа го одржуваат организмот во добра кондиција. Реики методата нема штетни влијанија, и не може да се користи во негативни цели. Оваа метода е компатибилна со сите постоечки методи за исцелување и лечење, како и со сите техники за личен и духовен развој, и го потикнуваат целокупното исцелување на индивидуата. Во многу развиени земји Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина.

Придобивки од Реики:

Поттикнување на природните способности на човековиот организам на само-исцелување; подобрување на имунитетот; подобрување на виталноста на организмот; подмладување, продолжување на животниот век и заштита на организмот од несакани дејства на лекови; забрзување на процес на одравување; ослободување од стрес, несоница, депресија; воспоставување на рамнотежа на телото, духот и умот; елиминирање на токсини и други штетни материи од организмот; ослободување од анксиозност и паника; хармонизација на емоционалната состојба; подобрување на нивото на концентрација и памтење; подигнување на нивото на интуиција; подобрување на социјална адаптација; исполнување со позитивна енергија и оптимизам; поттикнување на процесот на само-остварување, развој на постоечките и откривање на нови потенцијали; хармонизација на меѓучовечките односи; подигнување на нивото на свеста; подигнување на позитивни вибрации во секојдневниот животен простор на сите полиња; постигнување на позитивни цели и многу повеќе.

Катерина Ангеловска е сертифициран Реики мастер енергетски терапевт. Нејзината практика вклучува работење на Реики методата и на далечина.

Дополнително во индивидуалните сесии кои ги води Катерина со нејзината програма, таа  ги вклучува Реики енергетските сесии кои значително овозможуваат подобрување на квалитетот на животот на клиентот. Реики сесиите се одвиваат во опуштена и релаксирана атмосфера.

Закажете ја вашата Реики консултација на + 389 (0)70 23 54 27 или на контакт формата подолу.

  • Сите духовно-енергетски техники и методи претставуваат начин на унапредување на психофизичката состојба на човекот, и доколку е потребно се применуваат напоредно со методите на современата медицина. Доколку сте болни или чуствувате било какви симптоми на нарушена здраствена состојба, потребно е да се обратите на доктор.