Дводневен семинар “Ослободи ја моќта во себе”

Придружете ми се на дводневен семинар “Ослободи ја моќта во себе”, во вистинска оаза надвор од вашето место на живеење, каде во директен контакт со природата и подалеку од секојдневните одвлекувачи на внимание, ќе го препознаете тоа што вистински го сакате од вашиот живот, ќе искреирате детална мапа која ќе ви покаже што е потребно да направите за да го добиете тоа што го сакате, и како да ги надминете потенцијалните препреки на вашиот пат кон успехот. Овие два дена ќе ве однесат на сосема ново ниво на размислување и разбирање на себеси и својот живот, ќе го искусите својот внатрешен мир, како да поставите приоритети и да ја изразите креативноста. Оваа интензивен дводневен семинар ќе ви даде знаење, разбирање, инспирација и што е најважно ќе добиете конкретни алатки и насоки како да започнете да живеете автентичен и исполнет живот.

Како оваа програма ќе ве направи моќни?

Во текот на викендот ќе работиме на следните аспекти и идеи:

  • Како нашите мисли, имагинацијата и нашето однесување влијаат на нашиот живот;
  • Преку вежби ќе добиете јасна слика за тоа што го сакате во животот;
  • Ќе ја препознаете важноста од донесување одлука да верувате дека е возможно;
  • Како да додадете турбо енергија на вашите цели преку моќта на имплементирање на дневни афирмации и визуелизација;
  • Водечки медитации;
  • Утрински јога вежби.

Контактирајте не

За повеќе информации користете ја формата за контакт подолу, пратете порака на мејл адресата info@katerinaangelovska.mk или јавете се на +389 70 23 54 27.