Вистинскиот извор на страдањето во светот е болката, стравот и незнаењето. А ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Се додека ја проектираме нашата моќ надвор од нас и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински не исцелува, тогаш и го подржуваме сето ова страдање кое му се случува на светот.
Затоа е од исклучителна важност да ја следиме нашата интуиција и да и веруваме, да го следиме нашето срце, да одиме таму каде што не води нашата енергија и да го правиме тоа што сакаме да го правиме. И тогаш ќе ја видиме посакуваната промена во светот.
Верувам дека ова е начин на кој се случува еволуција на свеста. Индивидуалната свест е дел од колективната свест. Кога мал но значаен дел на индивидуалци ќе преминат на ново ниво на свест и ќе го променат начинот на однесување, таа промена се случува и на колективно ниво. И сите останати се насочени кон таа промена. Бидејќи светот е нашето огледало, како ние ќе се менуваме и светот ќе се менува.
Ова патување е авантура која е испреплетена со многу интересни предизвици, сознанија, приказни, исцелувања. Спиритуална промена која веќе се случува на нашата планета. Не е потребно да бидеме совршени за да бидеме канал на универзумот. Единствено што е потребно е да бидеме свои, да бидеме тоа што сме, најдобра верзија од себе. Да бидеме вистински, искрени и спонатни, а тоа ќе ни дозволи поголема количина на креативна моќ да тече низ нас. Тоа ќе ни овозможи да се исцелуваме од сите непотребни парадигми и стари блокади. Не секогаш ќе биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе биде почист и посјаен, и ќе уживаме во благодетите на универзумот. Ве повикувам да погледнете длабоко во себе, да ја поттикнете личната трансформација, да делувате во склад со вашите вредности и верувања, да ја пронајдете хармонијата, спокојството и мирот, и да бидете љубов.
Како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.