Катерина Ангеловска

Магистер по психолошки науки, коуч, тренер за личен развој и фасилитатор на системски и mindfulness процеси.

Верувам дека светот навистина може да биде прекрасно место за живеење каде секој поединец инспириран и мотивиран од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сочувство, мир и љубов.

За мене:

Јас сум Катарина Ангеловска, коуч и тренер за личен развој, фасилитатор на системски процеси и mindfulness практики.

Во мојата работа ги комбинирам коучингот, системската работа и свесноста (mindfulness) за да создадам простор во кој луѓето можат да добијат подлабок увид во своите животни ситуации, односи и внатрешни процеси.

Основач сум на Космик Центар за личен и професионален развој од 2016 година, простор посветен на личната свесност, трансформација и развој.

Во мојата работа:

Верувам дека вистинската промена не доаѓа преку борба, туку преку свесност.

Кога човек ќе застане, ќе погледне подлабоко и ќе почне да ја разбира сопствената внатрешна динамика, животот природно почнува да се менува.

Мојата работа е да создадам простор каде таа свесност може да се појави.

Моето образование и искуство:

Магистер сум по психолошки науки во социјална заштита и повеќе од десет години работам со луѓе во процеси на личен развој, свесност и трансформација.

Во изминатите години се обучував и работев во области како:

  • Коучинг и личен развој;
  • Mindfulness и свесност;
  • Системска работа и семејни констелации;
  • Фасилитација на групни процеси;
  • Енергетски процеси.

Работам индивидуално со клиенти, водам групни програми, работилници и ретрити.

Автор на книги:

Автор сум на книгата „333 Афирмации“ и ко-автор на книгата „Будење на свеста“, која стана бестселер во Македонија и е преведена на повеќе јазици.

Книгите се покана за подлабоко разбирање на свесноста, личниот развој и внатрешниот процес на будење.

Мојата работа:

Во мојата работа доаѓаат луѓе со различни причини.

Некои доаѓаат затоа што се соочуваат со конкретна животна ситуација или предизвик.
Други доаѓаат затоа што чувствуваат повик за подлабок личен развој.

А понекогаш процесот започнува со едно прашање, а отвора сосема ново разбирање на сопствениот живот.

Преку индивидуална работа, групни работилници, системски констелации и ретрити создававам простор во кој луѓето можат да застанат, да погледнат подлабоко во својот живот и да направат нов чекор во својот процес.

Покана:

Ако чувствувате дека е време за поголема јасност, свесност и ново движење во вашиот животен процес, добредојдени сте во процесот на работа.