Будење на свеста

Будење на свеста е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична вистина. Личната духовна трансформација ни дава можност да ги препознаеме и освестиме нашите парадигми, верувања и вредности.

400 ден

Сите ние сме дел од едно цело, и нашата промена, свецност и будност влијаат на колективниот начин на размислување и поставување на нови темели на свесно живеење во заедницата и општеството во кое живееме...

Катерина & Радован

Оваа книга е авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси, да се разбудите и свесно да создавате.

Сите ние имаме одредена мисија, и доколку сите би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно место за живеење и работење, во кое секој поединец вдахновен од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сеопшто сочувство, мир и љубов. Затоа е исклучително важно да и веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце. И тогаш ќе ја видиме посакуваната промена во светот. Веруваме дека ова е начин на кој се случува еволуција на свеста.

Индивидуалната свест е дел од колективната свест. Кога мал, но значаен дел на индивидуалци ќе преминат на ново ниво на свест и ќе го променат начинот на однесување, таа промена се случува и на колективно ниво. Бидејќи светот е нашето огледало, тој се менува заедно со нашата сопствена промена.

  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 200
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски

Прочитајте повеќе на нашиот водич за читање на книгата.

Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да ко-креира реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладее хармонија и љубов на оваа планета.

Катерина и Радован нивната книга Будење на свеста ја посветуваат на сите прекрасни битија кои се посветени на себеспознавање и за сите моќни парови кои заедно и свесно ја создаваат својата реалност.

Тие велат дека секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Книгата Будење на свеста е водич за лична и колективна преобразба. Авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси.

СТАПИ ВО КОНТАКТ

Katerina Angelovska © 2023 All rights reserved.

payment-methods