Свесниот живот не е дестинација, туку патување на кое повторно учиш како да дишеш во сегашниот момент. Во светот кој постојано бара повеќе од нас, вистинската уметност е да знаеме како да го смириме умот и да го регулираме сопствениот нервен систем. Кога свесно ја практикуваме менталната и емоционалната присутност, ние не само што го менаџираме секојдневниот стрес, туку отвораме простор за вистинско сочувство кон себе и кон другите. Верувам во твојата внатрешна моќ и извонредност. Тука сум да те поддржам да го отпуштиш стресот, да се поврзеш со твојот центар и да чекориш низ животот со повеќе леснотија. Дозволи ми да бидам твој водич.

Подобри го секој аспект од твојот живот. Како можеме да работиме заедно?

Mindfulness програма

Mindfulness во превод значи свесност. Mindfulness е начин на живот кој ни помага да се фокусираме и да живееме во сегашниот миг.

Индивидуален коучинг

Индивидуалната работа е простор во кој застануваме, гледаме подлабоко во ситуацијата и отвораме нови перспективи.

Во сесиите работиме со свесност, разговор и системски увид за да се осветлат обрасците што влијаат на нашите одлуки, односи и животни искуства.

Онлајн програма „Будење на свеста“

Креирана и инспирирана директно од страниците на најпродаваната книга „Будење на свеста“, оваа дигитална онлајн програма е твојот личен водич кон трансформацијата. Ова не е само уште еден курс, ова е практично патување дизајнирано да ти помогне да го отклучиш твојот целосен потенцијал.

Системска семејна констелација

Честопати, одговорите на нашите најголеми предизвици не лежат само во нашиот свесен ум, туку во невидливата динамика на семејниот и колективниот систем на кој му припаѓаме.

Реики третман

Човечкото тело е енергетски систем, низ него тече интензивна животна енергија.

Аудио Медитации

Медитацијата е техника која ги развива телото, умот и духот и која дава длабока состојба на емоционална опуштеност и ментална смиреност. Медитацијата како техника е вчудовидувачки едноставна и лесна за практикување.

Споделени искуства

aleksandra-milkovikj
Катерина инспирира и охрабрува
Катерина ја има таа способност на единствен начин да ги објасни и предаде основните принципи за тоа како да се биде најдобра верзија од себе. Инспирира, охрабрува, секогаш достапна за одговор на прашање или решавање на проблем.
Демонстрира одлични ораторски способности во предавањата на начин лесно достапни до слушателот, а воедно на едноставен начин прави секој од учесниците на семинарот да се чувствува спремно за понатамошните предзвици во животот.
Александра Миљковиќ
Тренер за личен развој
aneta-spirevska
Светулка која ти го осветлува патот
Катерина е одличен мотивациски говорник. Присуството на нејзина работилница е многу забавно, креативно и едукативно. Техниките, вежбите и примерите преку кои го пренесува своето знаење и способности, успева вистински да те мотивира и охрабри да ја искреираш најдобрата верзија од себе. Светулка која ти го осветлува патот кон среќата.
Анета Спиревска
Економист
mila-vikleo
Катерина Ангеловска е инспирација и мотивација
Катерина Ангеловска е инспирација и мотивација, ангел кој патот ни го покажува. Со својата љубов и енергија на нејзините работилници се случува синергија. По нејзините работилници се исполнуваат сните и среќно поминуваат дните. Што постоиш ти благодарам и најмногу што можам е искрена љубов од срцево да ти подарам.
Мила Виклео
Банкар, автор, мотивациски говорник и тренер за личен развој
Natalija-Manovceva-s.
Зборот "не можам" не постои
Јас сум среќна и благодарна на Катерина и нејзините работилници кои ме однесоа на едно патување од кое нема враќање. Ми покажа дека успехот навистина нема граници, и дека зборот не-можам не постои. Ме научи, дали еден конкретен ден ќе ми донесе повеќе среќа или страдање зависи од силата на решителноста. Дали секој ден од животот ќе биде среќен или несреќен е дело на моќта која лежи во мене. Јас ја одбрав љубовта, среќата и успехот за кое е потребно добро расположение, чувство на радост, душевен мир и внатрешна слобода.
Наталија Мановцева Славкова
Брокер
jovana-zivojnovikj
Катерина светот го прави магично место
Ти благодарам за оваа прекрасна книга што е само почеток на едно божествено патување, а на тебе ти благодарам што светов го правиш магично место за живеење со своето присуство! Те сакам!
Јована Живојновиќ
anastasija
Човек не може а да не ја осети нејзината магична енергија и прекрасна насмевка!
Откако ја запознав Кате животот ми се промени. После секоја средба се чувствувам возвишено, полна со будност и благодарност. Таа е едно прекрасно битие кое не учи како да живееме во љубов и изобилство. Кате е љубов! Ти благодарам, Те сакам.
Анастасија Наунова Филипова (Германија)
Архитект
bojana
Не постојат пишани зборови што би можеле да ја изразат неизмерната благодарност што ја чувствувам кон Катерина.
Кате е битие што зрачи огромна љубов и божествена светлина. Нејзините алатки и техники, особено Реики-то, Access Bars-от и магичните медитации водени од нејзе, ми помогнаа да се сетам која сум, мултидимензионален креатор на својата реалност. Каде и да сум, те носам во срцето и ги применувам твоите алатки во исполнување на мојата животна мисија, а тоа е будење на свеста и помагање на луѓето да преземат одговорност за сопствените животи. Ангелу наш, ти се заблагодарувам од сè срце од целата наша фамилија Симоновски/Зарич кои редовно те следат, подржуваат и вибрираат со тебе.
Бојана Симоновска
Quantum Energy Coach and Certified Bars Facilitator