Пакет од 8 аудио водечки медитации од Катерина Ангеловска
Музиката во медитациите е на фреквенција на 432Hz.
Искористете 45% попуст со кодот kate до 31.10.2023 при купување на аудио медитациите
1.800 ден
Верувам дека светот навистина може да биде прекрасно место за живеење каде секој поединец инспириран и мотивиран од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сочувство, мир и љубов.
Катерина Ангеловска
Ви овозможуваме бесплатно да ја слушнете медитацијата „Внатрешна насмевка“.
Медитацијата е техника која ги развива телото, умот и духот и која дава длабока состојба на емоционална опуштеност и ментална смиреност. Медитацијата како техника е вчудовидувачки едноставна и лесна за практикување. Медитацијата придонесува за значајни подобрувања во секој аспект: умот, телото, однесувањето и снаоѓање во општеството. За позитивните ефекти од медитациите можеме да видиме и прочитаме насекаде. Во последните години стотици истражувачки студии научно ги докажаа здравите ефекти на медитацијата. И навистина, луѓето ја користат за да го намалат стресот, да ја зголемат самосвеста и да се чувствуваат поврзани со своето вишо јас. Во последните години расте бројот на научните и медицинските истражувања за утврдување на придобивките од практикувањето медитација. Еве само дел од нив:
Во медитацијата целиот процес го води трето лице. Говорникот нè доведува во алфа-состојба на умот. Ние сме будни и свесни додека слушаме, но не спиеме туку влегуваме во релаксирана медитативна состојба. Водечките медитации за кои говориме овде не се однесуваат на хипнотерапевтски методи или конвенционални аудиопрограми од литературата за личен развој, туку говориме за синтеза на техники кои вклучуваат медитативна музика, длабока релаксација и водени слики. Овој начин на медитирање помага чекор по чекор да го смириме движењето на мислите во својот ум, да започнаме со себеспознавање, и дава предзнаење и насока за да продолжиме потоа самостојно да медитираме.
Знаејќи ги придобивките од медитациите, како и важноста од намалување на стресот и одржување на имунолошкиот систем на високо ниво, за вас подготвивме пакет од 8 (осум) различни водечки медитации. Секоја медитација има своја приказна и е со времетраење во просек од 20-ина минути. Музиката во медитациите е релаксирачка и на фреквенција од 432hz. Медитациите се снимени професионално во студиото на Александар Митевски Pikado Creative Collective во Скопје, со гласот на Катерина Ангеловска.
Овие водечки медитации се наменети да бидат релаксирачки , а не се за дијагностицирање, терапија или третман на било какво нарушување на здравјето на човекот. Доколку сте болни или чуствувате било какви симптоми на нарушена здраствена состојба, потребно е да се обратите на професионално медицинско лице. Авторот и издавачот во никој случај не се одговорни за било каква злоупотреба на содржината на оваа веб страна.
Заштитени авторски права 2020 година
„Заштитени авторски права. Сите права се задржани. Строго е забрането копирање, повторно дистрибуирање, издавање, умножување или менување на било кој материјал кој се наоѓа на веб-страницата/фејсбук страницата на авторот Катерина Ангеловска или се непосредно поддржани, без претходна писмена согласност од авторот.“
Ниеден дел од објавените авторски дела на Катерина Ангеловска не смее да се умножува или пренесува во ниедна форма или на ниеден начин, електронски, механички, со преснимување или поинаку, без претходно добиена дозвола од сопственикот/авторот.