Будење на свеста е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична вистина. Личната духовна трансформација ни дава можност да ги препознаеме и освестиме нашите парадигми, верувања и вредности.
600 ден
Сите ние сме дел од едно цело, и нашата промена, свесност и будност влијаат на колективниот начин на размислување и поставување на нови темели на свесно живеење во заедницата и општеството во кое живееме...
Катерина & Радован
Ви овозможуваме да го слушнете воведот од аудио кинигата „Будење на свеста“.
Наратор на книгатa:
Петар Николоски – Продукциска компанија Тик-Так Аудио
Оваа книга е авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси, да се разбудите и свесно да создавате.
Сите ние имаме одредена мисија, и доколку сите би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно место за живеење и работење, во кое секој поединец вдахновен од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сеопшто сочувство, мир и љубов. Затоа е исклучително важно да и веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце. И тогаш ќе ја видиме посакуваната промена во светот. Веруваме дека ова е начин на кој се случува еволуција на свеста.
Индивидуалната свест е дел од колективната свест. Кога мал, но значаен дел на индивидуалци ќе преминат на ново ниво на свест и ќе го променат начинот на однесување, таа промена се случува и на колективно ниво. Бидејќи светот е нашето огледало, тој се менува заедно со нашата сопствена промена.
Катерина и Радован нивната книга Будење на свеста ја посветуваат на сите прекрасни битија кои се посветени на себеспознавање и за сите моќни парови кои заедно и свесно ја создаваат својата реалност.
Тие велат дека секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Книгата Будење на свеста е водич за лична и колективна преобразба. Авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси.