Доколку имате расипан домат кој една цела половина е мувлосан, дали ќе го изедете? Се разбира дека нема да го изедете. Зошто? Затоа што се грижите за себе и не сакате да внесувате нешто за кое мислите дека ќе ви влијае негативно по вашето здравје.
Но, што правите со вашето ментално и духовно здравје? Колку време посветувате во текот на денот да направите ментална и духовна хигиена? Кога ќе сватиме дека менталното и духовното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје? Во денешно време луѓето се повеќе трошат средства да изгледаат од надвор убаво, иако тоа што е внатре можеби почнало да се расипува.
Нашето општество повеќе се грижи за нашата орална хигиена отколку за нашата духовна хигиена. Колку пати дневно треба да ги миеме забите, да користиме дентален конец за чистење на забите, каква паста за заби да користиме, каква четка, какво средство за плакнење на уста и што уште не. А што прави општеството за нашата ментална хигиена, и што превземаме ние за тоа? Најголем дел од луѓето не превземаат апсолутно ништо. Не велам дека не треба да се одржува физичката хигиена, велам дека е потребно да започнете да ја третирате вашата ментална и духовна хигиена со почитт како што и заслужува. Замислете за миг како би било во училиштата да се воведе задолжителен предмет кој ќе биде целосно фокусиран на ментална и духовна хигиена, каде децата ќе работат на состојби кои ќе им помогнат едноставно да ги надминуваат и истовремено да не ја изгубат својата генијална креативност.
Ова не е игра на обвинување, ова е игра на освестување!
Главната замка на умот е да не држи во фокус на минатото и иднината, одвелкувајќи не постојано од сегашноста. Познатиот Лао Це рекол: “Луѓето кои мислат на минатото се депресивни, луѓето кои мислат на иднината се анксиозни, а луѓето кои се тука и сега, се смирени”. Се повеќе расте бројот на луѓе кои се депресивни, анксиозни, осамени, тажни, апатични, полни со омраза, љубомора и завист. Премногу негативни мисли има во целиот свет, а тоа можеме да го видиме преку сите негативни вести кои секојдневно ги добиваме.
Се додека не превземеме одговорност за сопствениот живот и сопствените резултати, се додека не почнеме да ги бираме нашите мисли, се додека не почнеме да работиме на нашите потенцијали и нашата лична природа, се додека не почнеме да сме благодарни, се додека очекуваме дека некој друг ќе не извади од оваа ситуација во која се наоѓаме, не можеме да креираме реалност каква што посакуваме и да очекуваме дека светот ќе биде креативно место за живеење.
Ние сме 100% одговорни за сЕ што ни се случува во нашиот живот, за нашите мисли, за нашата имагинација, за нашето однесување, вклучувајќи ги тука и резултатите од нашето однесување.
Не е доволно само површно да ги пегламе работите, потребно е да зарониме длабоко во себе, да го најдеме изворот на сите блокади, парадигми, верувања и вредности кои не ни носат добро. Потребно е да се фокусираме на нашето ментално здравје бидејќи тука започнуваат сите проблеми, да ја активираме духовната хигиена и да бидеме љубов.
Работете на вашата ментална и духовна хигиена, најдете начин како тоа да го направите и однесете се себеси на фреквенција на љубов, радост, среќа, разбирање, исцелување и просветлување.
И за крај на овој текст сакам да ви подарам една техника за ментална и духовна хигиена, која можете да ја правите секој ден, кога сакате, каде сакате и не чини ниту еден денар. Техниката се вика “Смејте се секогаш кога имате можност”. Смеењето е една од најважните состојки за среќен живот. Комбинирана со правилна исхрана, правилно дишење, медитација и физичка активност може да ви даде неверојатни резултати кои се видливи моментално. Смеењето го активира лачењето на допамин, ендорфин, окситоцин и сератонин, хормони кои нашето тело ги произведува и се клучни за секојдневното чувство на среќа и задоволство. Кој не сака да биде среќен и задоволен?!