Се што сте создале во вашиот живот е резултат на вашите мисли, верувања, идеологии.

Но, што е тоа што постојано ве блокира и не ви дозволува да бидете на фреквенција на љубов, радост, среќа?

Сте се запрашале некогаш колку тие блокади штетно влијаат на вашата фреквенција да живеете во неограничено изобилие?

Велат смени ја твојата фреквенција, смени ја твојата реалност.

Но, дали ние можеме да делуваме на нашата околина, на нашата реалност?

Да, и те како можеме да делуваме. Со нашата интенција, со нашата намера ние можеме вистински да ја промениме околината во која егзистираме. Доколку не можете да ја промените околината, или не сте одлучиле вистински да ја промените, или пак не сте расчистиле со осудите кои вистински ве блокираат.

Што е осуда: Осуда е серија на заклучоци кои сме ги присвоиле како свои откако сме виделе или пак сме искусиле нешто вo нашиот живот.

Не само што осудуваме, ние истовремено ги прифаќаме осудите кои другите ги прават и си ги придодаваме на веќе постоечките. Како? Со тоа што се согласувате со нив, се усогласувате со нив, давате отпор и реагирате на тие осуди и заклучоци во својата околина. Зборувате со некого, иако не се согласувате со изнесените ставови, за да бидете фини, прифатени или да ја откачите личноста вие велите да, така е, се согласувам со вас. Тоа е осуда која директно си ја ‘лепите’ на себе и не дозволувате да бидете на повисока фреквенција.

Секој заклучок, секоја осуда која ја упатваме кон себе или кон другите не лимитира за нови можности, за нови искуства.

Кога сте на фреквенција на љубов, радост, прифаќање, простување, толеранција, разбирање, здравје, тогаш вашата енергија е чиста, позитивна, високо-вибрирачка енергија која ги хармонизира умот, духот и телото.

Универзумот секогаш ни одговара на начин на тоа какви сме, а не на тоа што сакаме и посакуваме.

Многу пати луѓето се исфрустрирани и велат ова не функционира, медитација, јога, личен развој, посета на семинари, работилници…. правам сE но не манифестирам. Да, така ќе биде се додека не станете свесни за големината на вашите осуди и како тие делуваат во создавање на реалност каква што посакувате.

Вашта душа ве сака толку многу што ќе вe води низ сите ваши работи кои не ги сакате повторно и повторно се додека не се ослободите од старите шеми, парадигми, верувања и се додека не ги отпуштите сите осуди кои ги имате за себе и за другите.

Ве предизвикувам да направите еден експеримент. Да земете индекс картичка и во текот на денот да запишете секогаш кога нешто или некого осудувате, не само за големи работи туку и за оние малите. “Види ја како е облечена колешката”, “Како се однесува колегата”, “Што прави комшиката”, “Види го овој што прави, има ли памет”, и слични мали работи кои не ги приметувате а постојано ги осудувате. Нема да ви стигне една индекс картичка, но доколку го направите овој експеримент верувајте ќе почнете да станувате свесни за тoа колку осудувате и што ја блокира вашата фреквенција да живеете во неограничено изобилие.

И сакам да ве потсетам дека ова не е игра на обвинување, ова е игра на освестување.

Како неограничени битија имаме две работи кои се секогаш тука за нас:

  1. ИЗБОР
  2. СВЕСНОСТ

Со самото тоа што правиме избор … Јас одбирам љубов и радост/Јас сум платена за тоа што сум… ние свесно ја менуваме фреквенцијата на која сакаме да бидеме, ја менуваме околината и креираме реалност каква што посакуваме.

Што е потребно да направите за да го добиете тоа што го сакате, кои се вашите можности и потенцијали на кои можете да се повикате и да ја смените фреквенцијата, ве поканувам да бидете дел од следното мотивациско предавање “Неограничено изобилие” кое ќе се одржи на датум 2-ри Април (понеделник) со почеток од 19:00 до 21:00 часот.

Повеќе инфо за настанот на следниот линк: http://bit.ly/NeogranicenoIzobilie

Се гледаме 🙂

Напишете коментар