Индивидуален коучинг

2.400 ден

Дали успевате да одржите баланс и рамнотежа во различните аспекти на секојдневието?

Во која мера некој ќе владее со своите способности е од суштинска важност да разбереме зошто една личност во животот има напредок, додека некоја друга личност со ист степен на интелект завршува во слепи улици. Емоционалниот талент е мета-способност со кој се одредува колкав е успехот од користењето на квалитетите кои ги содржиме.

Индивидуалниот коучинг е дизајниран да работи според потребите на клиентот и тоа што тој/таа сакаат да го постигнат. И базиран е на холистички модел на раст и развој. Што значи холистички модел? Тоа значи дека во процесот се вклучени сите аспекти на човекот: ум, имагинација, емоција, тело, интуиција, волја, свесност/спиритуална димензија.

Дозволете си да добиете длабоки увиди и спознанија за себе, нови идеи и креативност, комуникација, свесно да живеете и да добиете алатки кои ќе ви помогнат во справување со секојдневните предизвици. А посакуваниот баланс и рамнотежа ќе бидат последователни на вашата лична трансформација.

СТАПИ ВО КОНТАКТ

Katerina Angelovska © 2023 All rights reserved.

payment-methods