Биди најдобра верзија од себе

Прв Модул

Јас верувам дека секој од нас може да постигне неверојатни успеси во животот.

Зошто?

Затоа што успехот е во нас!

Вистината е дека постои само едена личност која е одговорна за квалитетот на животот кој го живеете. Таа личност сте вие. Доколку сакате да бидете успешни, потребно е да превземете 100% одговорност за се што искусувате во вашиот живот. Тоа ги вклучува и вашите достигнувања, резултатите кои ги постигнувате, квалитетот на вашите врски, вашето здравје и физичката подготвеност, вашите финансиски примања, вашите долгови, вашите чувства и итн. Често пати запаѓаме во замка на обвинување на другите луѓе за тоа како се чувствуваме и за тоа што ни се случува во животот. Стануваме завлечени од состојбата на барање решенија на нашите проблеми надвор од нас самите.

Многу е позначајно да погледнеме во себе како го создадаваме тоа што го искусуваме преку нашите мисли, слики и однесувања, наместо да се жалиме и да обвинуваме.

Во природата на човекот е да се развива интелектуално, емоционално и спиритуално.

Зошто е важен личниот развој?

Личниот развој е нов поредок на денешницата кој ни овозможува да ја освестиме личната природа и нашите огромни потенцијали кои ги носиме во себе. А тоа вклучува превземање на ризик, одење во непознатото, и верување дека нашето повисоко јас ќе ни помогне во чекорите кои треба да ги направиме.

Успехот се случува од внатре кон надвор, и затоа е од исклучителна важност да сте запознаени со внатрешното водство.

Првиот модул од програмата Биди најдобра верзија од себе ќе ви помогне:
  • Да ја откриете вашата лична природа;
  • Да ја ослободите моќта на вашите неограничени потенцијали;
  • Да живеете во согласност со сопствените вредности;
  • Да ги надминете лимитирачките верувања;
  • Да искреирате квалитет на живот кој го посакувате.

Ова се темите на кои ќе се работи:

  • Како нашите мислиимагинацијата и нашето однесување влијаат врз нашиот живот;
  • Како со превземање на одговорност за сопствениот живот и сопствените резултати ќе го смените резултатот во ваша корист;
  • Важноста од расчистување на хаотичните и некомплетни ситуации;
  • Ќе разјасните што е тоа што го сакате за вашиот идеален живот преку повеќе аспекти од животот, како што се работата, кариерата, финансиите, врските, здравјето и слободното време;
  • Значењето на почитување на ветувањата и договореното;
  • Како да го претворите внатрешниот критичар во внатрешен тренер;
  • Моќта на благодарноста и законот за привлечност.

Кои се бенефитите од посета на оваа дводневна работилница:

  • Пристап до неограничените потенцијали да бидете најдобра верзија од себе.

Оваа дводневна работилница претставува совршено место за откривање и стекнување на нови знаења и техники, кои ќе резултираат со подобрување на личните перформанси, потенцијали и ефикасноста, подигнување на нивото на свесност и вербата во внатрешниот глас.

Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените.

Биди лидер на сопствениот живот!

Со посета на првиот модул вие се стекнувате со одредени алатки за личен само-развиток и по завршување на истиот немате обврска да го посетите вториот и третиот модул. Доколку се одлучите по посета на првиот модул да продолжите понатаму со едукацијата, тогаш е задолжително посетување на вториот и третиот модул. По завршување на сите три модула вие ќе се здобиете со техники, алатки и сертификат за учество во програмата Биди најдобра верзија од себе.

Погледнете ги Модул 2 и Модул 3:

МОДУЛ 2

ВТОР МОДУЛ

Време е да излезете од секојдневните рутини и да станете вистински достигнувач.

МОДУЛ 3

ТРЕТ МОДУЛ

Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека можете да ја промените.

Контактирајте не

За повеќе информации пополнете ја формата подолу или јавете се на +389 70 23 54 27 и со задоволство ќе ви одговориме.