Индивидуална работа 
простор за јасност, увид и
лична трансформација

Понекогаш во животот доаѓаме до точки кога чувствуваме дека нешто не е на своето место, но не можеме јасно да видиме што.

Индивидуалната работа е простор во кој застануваме, гледаме подлабоко во ситуацијата и отвораме нови перспективи.

Во сесиите работиме со свесност, разговор и системски увид за да се осветлат обрасците што влијаат на нашите одлуки, односи и животни искуства.

Ако чувствувате дека е време да внесете повеќе јасност, свесност и ново движење во вашиот животен процес, можете да закажете индивидуална сесија.

Опција 1

Длабинска системска сесија

Ова е подлабок индивидуален процес на работа во кој се комбинираат повеќе пристапи за да се добие поширок увид во ситуацијата со која се соочувате.

Во оваа сесија може да се вклучи:

  • системски пристап (констелациски увид)
  • коучинг разговор
  • работа со лични и семејни обрасци
  • mindfulness свесност и интеграција

Овој формат е особено корисен кога работиме со теми како:

  • партнерски односи
  • семејни динамики
  • повторувачки животни обрасци
  • важни животни одлуки
  • внатрешни блокади или конфликти

Целта на сесијата е да се создаде подлабока јасност и ново движење во животниот процес.

Времетраење: 90 минути
Цена: 4000 ден

Пакет длабинска системска сесија

Работата во континуитет овозможува подлабоко разбирање на процесот и постепено интегрирање на новите увиди.

3 Сесии
Цена: 10500 ден

Опција 2

Индивидуален коучинг

Индивидуалниот коучинг е разговорен процес кој помага да се добие јасност, нова перспектива и поголема свесност за ситуациите со кои се соочувате.

Во оваа сесија работиме со:

  • коучинг прашања
  • освестување на лични обрасци
  • развој на нови перспективи
  • кратки mindfulness практики

Овој формат е погоден за луѓе кои сакаат поддршка, насока и поголема јасност во одреден животен период.

Индивидуалните сесии се за луѓе кои:

  • чувствуваат дека се на животна раскрсница
  • сакаат да ги разберат своите обрасци
  • се соочуваат со емоционални или односни предизвици
  • сакаат поголема свесност и внатрешна стабилност
  • се подготвени за личен раст и трансформација

 

Времетраење: 60 минути
Цена: 2400 ден

Пакет индивидуален коучинг

Работата во континуитет овозможува подлабоко разбирање на процесот и постепено интегрирање на новите увиди.

3 Сесии
Цена: 6500 ден