Катерина Ангеловска

Коуч, тренер за личен развој и фасилитатор на системски и mindfulness процеси

Верувам дека светот навистина може да биде прекрасно место за живеење каде секој поединец инспириран и мотивиран од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сочувство, мир и љубов.

За мене

Јас сум Катарина Ангеловска, коуч и тренер за личен развој, фасилитатор на системски процеси и mindfulness практики.

Во мојата работа ги комбинирам коучингот, системската работа и свесноста (mindfulness) за да создадам простор во кој луѓето можат да добијат подлабок увид во своите животни ситуации, односи и внатрешни процеси.

Основач сум на Космик Центар за личен и професионален развој од 2016 година, простор посветен на личната свесност, трансформација и развој.

Моето образование и искуство

Магистер сум по психолошки науки во социјална заштита и повеќе од десет години работам со луѓе во процеси на личен развој, свесност и трансформација.

Во изминатите години се обучував и работев во области како:

  • Коучинг и личен развој;
  • Mindfulness и свесност;
  • Системска работа и семејни констелации;
  • Фасилитација на групни процеси;
  • Енергетски процеси.

Работам индивидуално со клиенти, водам групни програми, работилници и ретрити.

Автор на книги

Автор сум на книгата „333 Афирмации“ и ко-автор на книгата „Будење на свеста“, која стана бестселер во Македонија и е преведена на повеќе јазици.

Книгите се покана за подлабоко разбирање на свесноста, личниот развој и внатрешниот процес на будење.

Мојата работа

Во мојата работа доаѓаат луѓе со различни причини.

Некои доаѓаат затоа што се соочуваат со конкретна животна ситуација или предизвик.
Други доаѓаат затоа што чувствуваат повик за подлабок личен развој.

А понекогаш процесот започнува со едно прашање, а отвора сосема ново разбирање на сопствениот живот.

Преку индивидуална работа, групни работилници, системски констелации и ретрити создававам простор во кој луѓето можат да застанат, да погледнат подлабоко во својот живот и да направат нов чекор во својот процес.

Покана

Ако чувствувате дека е време за поголема јасност, свесност и ново движење во вашиот животен процес, добредојдени сте во процесот на работа.

Сертификати